ДПТУ АЛОПЕКС ДООЕЛ е основано во 2006 година како Сметководствено биро од Основач и Управител Александар Лилиткин кој е со работно искуство во сметководство од 1995 година. Сметководител со богато работно искуство кој ги поминал скоро сите Законски промени и реформи во Македонското стопанство од осамостојувањето на Република Македонија.

                Од основањето на ДПТУ АЛОПЕКС ДООЕЛ друштвото имаше само еден вработен. Напорно се работеше за издигнување на Сметководственото биро на едно високо професионално ниво. Посебно се внимава сите клиенти да бидат задоволни од услугите и навремено опслужени и тоа секогаш во согласност со законите и сметководствените стандарди. Сметководственото биро навремено ги информира своите клиенти за сите законски промени со кои се засегнати. Посебно се  внимава на создавање и одржување на доверба помеѓу Клиентите  и Сметководственото биро а како резултат на тоа, Клиенти кои се од почеток на основање на ДПТУ АЛОПЕКС ДООЕЛ па до денес, се уште се задоволни Клиенти на Сметководственото биро.

                Со тек на време и со цел за напредување, ДПТУ АЛОПЕКС ДООЕЛ односно Александар Лилиткин се стекнаа со овластување за од Централен Регистар на РМ за Регистрација и основање на трговски друштва и други правни лица, а како резултат на тоа се основани голем број на Трговски друштва и други правни лица.

                Како се зголемуваше работата и број на Клиенти се јави потреба за проширување на бројот на вработени. Така денес ДПТУ АЛОПЕКС ДООЕЛ има тројца вработени од кои двајца се Овластени сметководители и еден административен службеник.

                Сите вработени се стручни во својата работа и максимално посветени на работата, грижејќи се сите Клиенти да бидат задоволни од услугите од Сметководственото биро. Свесни сме дека само со задоволни Клиенти можеме да одиме напред остварувајќи само успеси и подигнувајќи го реномето на ДПТУ АЛОПЕКС ДООЕЛ на уште повисоко ниво.

                Со нашето стручно, одговорно и ажурно работење очекуваме да се зголемува бројот на клиентите а со тоа и да се отворат работни места за млад и стручен кадар кој ќе сака да се посвети на сметководствената професија, се со цел ДПТУ АЛОПЕКС ДООЕЛ да стане поголемо и поуспешно Сметководствено биро ценето од сите Стопански субјекти во Република Македонија.

Управител

Александар Лилиткин

 

Адреса

ул. Емил Зола бр. 4 локал 4

1000, Скопје

Република Македонија

Контакт инфо

EmailОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Телефон 1070 398 734

Телефон 2078 768 020