Сметководствени услуги за следниве категории:
Самостојни вршители на дејност: Занаетчии, Трговци поединци, Адвокати, ПЗУ
Трговски, производни и услужни друштва: ДОО, ДООЕЛ
Здруженија на граѓани - Куќни совети и други
И тоа:
- Обработка на финансиската документација во согласност со Правилникот за водење на сметководство, во главна книга, аналитичка евиденција на побарувањата и обврските како и аналитичка евиденција на материјалните и нематеријалните средства, нивно движење и секоја друга аналитичка евиденција за потребите на корисникот на услугите;
- Обработка на материјална документација: изготвување на приемни листи во трговија - ПЛТ, обработка на залиха на стоки, производи и материјали по организациони единици и обработка на пописни листи во согласност со Правилникот за водење на сметководство;
- Пресметка на плата за вработените и извештаи (месечни и годишни) во врска со платите, даноците и придонесите и други надомести согласно ЗРО и Општиот колективен договор;
- Месечна пресметка на даноци (ДДВ, ДБ и ПДД) согласно потребите на корисникот на услугите и законските прописи; (пополнување и електронски потпис за аконтативните даночни пријави и нивно доставување);
- Консалтинг услуги и давање навремени информации поврзани со сметководствените работи за корисникот на услугите;
- Изработка на финансиски извештаи и друг вид извештаи за потребите на корисникот на услугите; (месечни и годишни за утврдување на добивка, даноци, побарувања и обврски, движење на капиталот и материјалните и нематеријалните средства) во рокови кои што се утврдени со закон;
- Изработка на годишна сметка;
- Пријави и одјави и припрема на договори за вработување и Одлуки / Решенија во врска со престанок на работен однос за потребите на корисникот на услугите (факултативна);
- Изготвување на документација за регулирање на стаж.